насловна

Колку чини потписот на Путин?

Најчесто нема цена, ама во случајов 20.000 евра

Објавено на 12 март 2019 година

Бубата на Фолксваген на која рускиот претседател се потпиша на венчањето на австриската министерка Карин Кнајсел е продадена за 20.000 евра. Таа во интервјуто за еден руски медиум истакна дека парите се уплатени за добротворни цели: „Автомобилот не беше наш. Го добивме само за венчањето и тој ден на гостите им рековме дека имаме желба да се продаде за добротворни цели“. Присетувајќи се на венчањето, министерката наведе дека било јасно доаѓањето на Путин ќе го привлече вниманието на медиумите. „Владимир Путин, секогаш шармантен, го сподели со нас тој среќен ден“, додаде таа. Пред да си отиде од прославата, Путин се потпиша на автомобилот на младенците.