Цените на горивата во минус, давачките во плус

Цените на горивата во минус, давачките во плус

Објавено на 27 мај 2019 година

После двонеделна принудна пауза, регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите цени на горивата, кои според новата методологија од полноќ поевтинуваат – бензините за денар, а дизелот за два. Согласно тоа, новите цени на горивата кај нас ќе бидат следниве:

– Еуросупер БС -95 – 71 денар

– Еуросупер БС -98 – 73 денари

– Еуродизел БС Д-Е V – 64 денари за литар

Според објавата на регулаторната комисија, во пресметка се земени обзир референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на доларот во изминатиот седумдневен период. Треба да се напомене и тоа дека отсега натаму овие цени на горивата кои ќе се формираат еднаш неделно ќе бидат максимални, односно дека трговците на големо и мало со нафтени деривати можат да ги формираат цените по кои ќе ги продаваат горивата и пониско од наведените. Нешто слично постоеше и во претходната методологија, која предвидуваше малопродажни цени пониски и до еден ипол денар од максимално определените. Но исто така треба да се напомене и дека во цените на горивата сега се пресметани големопродажна маржа од 1,20 денари за литар (ставка која досега ја немаше во математиката) и уште малопродажна маржа од 4,60 денари (досега 3,20 денари), со вклучени транспортни трошоци од 0,75 денари (0,50 денари). Надоместоците за финансирање на активностите во областа на животната средина и за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати остануваат исти – вкупно 0,97 денари за бензините и 0,33 за дизел горивото.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER