Почина Фердинанд Пих

Почина Фердинанд Пих

Објавено на 28 август 2019 година

Човекот кој ги зацементира темелите на Volkswagen и татко на 12 деца од 4 различни жени, Фердинанд Карл Пих, почина на 82-годишна возраст. Ненадејно – вечерал со сопругата во еден ресторан во Германија, му се слошило, изгубил свест и колабирал. Бил префрлен во болница, но не ја издржал ноќта и ја изгубил битката за животот. Ќе се памети како контроверзна личност со цврст карактер и челична волја, заради што му појде од рака од Volkswagen да направи гигант. После школувањето, како внук на Фердинанд Порше се вработи во фабриката на Porsche во Штутгарт, каде до израз дојдоа неговата инженерска и менаџерска брилијантност. Во 1972 година премина во Audi, трансформирајќи ги во премиум бренд кој ја предводи техниката. На чело на Volkswagen дојде во 1993 година и се задржа сé до 2002-рата, период за кој компанијата од Волфсбург се претвори во исклучително успешен глобален производител на автомобили, со милијарди евра профит.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER