Новиот Kia Sorento со премиера во Женева

Новиот Kia Sorento со премиера во Женева

Тајната веќе не е тајна – новиот Sorento ќе го видиме идниот месец

Објавено на 5 февруари 2020 година

Kia ги прекина гласините за светската премиера на новиот Sorento, официјално најавувајќи го за салонот на автомобилите во Женева кој ќе се одржи на почетокот на идниот месец. Веста ја поткрепи со две илустративни фотографии на кои доста добро се гледаат и обликот на новиот SUV и неговите стилски детали. На предниот дел забележливи се најновата итерација на маската „тигров нос“ и светлата налик на глобалниот Seltos, додека назад веднаш се гледа влијанието на новите трендови. Сето тоа заедно со поинаквата силуета и поаглесто извлечените линии прави Sorento да изгледа радикално различно од моделот во заминување. Што се однесува до другите карактеристики Корејците останаа типично резервирани во споделувањето конкретни информации. Кажаа само неколку општи, повеќе или помалку познати работи – дека е прв модел заснован на новата генерација на средно-големата SUV платформа на Kia, дека ги подигнува стандардите во својот сегмент за практичност и пространост, но и дека ќе има хибридна верзија. За повеќе, сепак ќе треба да почекаме.

Од 2002 година кога беше лансирана првата генерација, Kia од Sorento продаде повеќе од три милиони примероци.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER