Наградно прашање: Погодете колку ќе чини еден час на најскапиот паркинг во Скопје

Наградно прашање: Погодете колку ќе чини еден час на најскапиот паркинг во Скопје

Објавено на 5 август 2019 година

Од петок, Скопје ќе го добие најскапото паркиралиште – кој ќе погоди колку ќе чини, ќе добие гратис 10 минути паркирање. Вака требаше да започне соопштението на Паркинзи на Општина Центар со кое се најавуваат измените на начинот на организирање и наплата на затвореното паркиралиште (всушност сплет улички) кај домот на градежниците, донесени на барање на жителите на Градски ѕид кои потпишаа петиција во која како предлог се наведени мерки за решавање на проблемот со паркирањето со кој секојдневно се соочуваат. Јавното претпријатие ги усвои, а советот на општината изгласа и согласно тоа тие стапуваат на сила од петок, 9 август. Така, со цел да се реши проблемот со паркирањето на ова паркиралиште и да им се овозможи на жителите полесен и побезбеден пристап до нивните живеалишта, цената за 1 час на ова паркиралиште ќе изнесува 250 денари. Понатаму, ќе се редуцира бројот на часови на гостинската карта на 2 часа, а по 17:00 часот неограничено, ќе се воведе систем за препознавање на регистарски таблички и ќе се отстранат постоечките картички, а ќе се ограничи и пристапот на комбињата за дотур на стока, на кои ќе им се овозможи бесплатен пристап од 5 до 7 часот наутро, а после тоа ќе плаќаат редовна цена.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER