Јакни со воздушни елеци – Спас за моторциклистите

Вести Видео Моторцикли

ADAC даде зелено светло!

Германскиот автомобилски клуб ADAC ја провери најновата генерација на облека со воздушни перничиња за моторциклистите во тест при несреќи.

објавено на 17 август 2020

При сообраќајни несреќи на моторни возила шансите за тешки повреди и смртност се најголеми кај мотрциклистите. Производителите на специјална опрема и облека направија серија јакни кои содржат воздушни елеци кои се активираат при несреќа а задача им е да ги сочуваат виталните органи и рбетот. За да не се сведе само на комерцијална фраза на производителите, три марки беа повргнати на реално тестирање од страна на авторитативниот Гермаски автомобилски клуб ADAC. Сите тестирани јакни постигнаа „добар“ рејтинг и во случај на несреќа со брзина до 50 км на час тие нудат дополнителна заштита во пределот на градниот кош и задниот дел. Испитани се вкупно три јакни со воздушни перничиња: Tech-Air-Street-e-System од Alpinestar, D-Air Street Smart JKT од Dainese и e-Vest од Held/In-Motion. Во кратко се изнесени резултатите на тестот.
Сите три јакни имаат време на интервенција од околу 80 милисекунди.
Заштитата на воздушните перничиња е веќе воспоставена на сите производи пред мотоциклистот да го удри автомобилот. Со други зборови, елекот се пумпа автоматски кога сензорите ќе препознаат дека тоа е неопходно.
Практичноста на новите производи е голема. Под претпоставка дека јакната со воздушен елек ќе го заштити моторциклистот од повреди се наметнува прашањето што после тоа? Дали јакната мора де се фрли или ќе може и понатаму да се употребува? Одговорот е на претходните прашања е афирмативен. Постојат мали разлики во репарирањето на јакните после несреќата. Моделите на Dainese и Alpinestar се санираат кај дилер или кај производителот додека јакната од Held/In-Motion може да ја поправи самиот корисник откако е активирано воздушното елече.
Dainese нуди јакна што може да се комбинира и со соодветна заштитна облека, на пример со постоечките кожени одела. Другите елеци бараат свои компатибилни јакни. Во 2013 година, ADAC ја тестираше првата електронска јакна со воздушни перничиња од Dainese. Во тоа време, сензорите сè уште беа инсталирани на моторциклот. Покрај тоа, требаше да се прикачат дополнителни компоненти, што значеше дека јакна само работеше заедно со соодветно опремениот моторцикл. Јакните што сега се тестирани, имаат свој систем на сензори и можат да се користат автономно. ADAC препорачува потрошувачите детално да го проучуваат производот и неговата специфична употреба. Од суштинско значење е да се следат упатствата за работа, така што јакните можат да го постигнат својот целосен заштитен потенцијал.

Видео