Цените на горивата – стабилни

Вести

Оваа седмица цените не се менуваат

објавено на 24 август 2020

На денешното заседавање на регулаторната комисија за енергетика малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 17.08.2020 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1),се намалува за 0,50 ден/лит,во однос на цената утврдена со Одлуката од 17.08.2020 година и со тоа малопродажната ценана Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,085ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 17.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,280ден/кг.