Томас Шефер – нов претседател на Škoda Auto

Top News Вести

Се очекува експанзија на брендот!

Големото интернационално искуство и одличните резултати се адутите на Шефер.

објавено на 04.08.2020

Со одлуката која стапи на сила веднаш Томас Шефер е новиот претседател на бордот на Škoda Auto на место на Бернхард Мајер чиј пет годишен мандат заврши.  Шефер како машински инженер ја започна својата кариера пред три децении во Daimler AG каде извршуваше разни менаџерски должности во производството и управувањето со квалитет во Германија, САД и Јужна Африка. Потоа е назначен во бордот на Daimler AG  каде од седум години беше задолжен за развој на производството и продажбата. Пред пет години премина во бордот на VW каде служеше како претседател и управител на операциите во Јужна Африка и суб Сахарска Африка. Под негово водство, во споменатиот регион, брендовите Volkswagen, Audi и Volkswagen комерцијални возила забележија расто од 23,5 проценти. За очекувањата како прв човек на бордот во Škoda не може да се очекува помалку. Нека му е со среќа!