Со одлука на регулаторната комисија, горивата поевтинуваат

Македонија

Со одлука на регулаторната комисија, горивата поевтинуваат

Објавено на 10 декември 2018 година

Веќе навикнавме дека нашата регулаторната комисија за енергетика секои две недели нé изненадува со нови цени на горивата – овој пат со пониски од досегашните. Не многу, но доволно да се израдуваме – од утре малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените се намалуваат во просек за 4,01%, што значи дека на бензинска пумпа за литар бензин ќе ни побараат 1,50 денари, а за литар дизел 2,50 денари помалку. Или, поинаку кажано, литар Еуросупер БС-95 ќе нé чини 61,50 денари, Еуросупер БС-98 63,50 денари, а литар Еуродизел Д-Е V 58,50 денари. Можеме да ви образложиме и зошто, но овој пат тоа ќе го прескокнеме – до наредната одлука на нашата регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, како што сега се вика.