РСБСП: Честит Илинден!

Top News Македонија

Прославете достоинствено и одговорно

Празниците се денови кога треба да прославиме, да се потсетиме на минатото,  но и да  погледнеме во иднината.

Почитувани граѓани, пред нас е најголемиот државен празник Илинден. Празник кој треба да го одбележиме достоинствено и со сите почести. Празниците се денови на сеќавање, слава и радост.  Најважно од се ѐ празниците да останат во добар спомен и да ги памтиме по убавите работи кои се случуваат. Поучени од некои лоши моменти и лоши случки од минатите години,  РСБСП со апел до сите учесници во сообраќајот за совесно, одговорно и пред сѐ безбедно учество во сообраќајот.

Затоа,  РСБСП  Ве повикува:

  • Намалете ја брзината и возете одговорно
  • Не управувајте и немојте ниту да започнете да управувате моторно возило доколку имате консумирано алкохол
  • Останете смирени и безбедни и во ситуација на сообраќаен метеж. Немојте да возите слалом, да пристигнувате на полна линија или да пристигнувате колона на возила.
  • Бидете фокусирани и концентрирани во сообраќајот, гледајте во коловозот и не користете мобилен телефон  за време на управувањето со возилото.
  • Држете безбедно растојание помеѓу возилата.
  • Возете одморени, со претходно испланирано патување и со редовни паузи за време на патувањето.
  • Направете техничка проверка на возилото и бидете сигурни дека вашето возило е подготвено за безбедно патување.
  • Користете сигурносен појас и соодветно детско седиште.
  • Без разлика на кој начин учествувате во сообраќајот – возач, мотоциклист, велосипедист или пешак, најважно од се е безбедно да пристигнете до саканата дестинација.

РСБСП на сите учесници во сообраќајот им го честита големиот празник – Илинден  и им  посакува безбедни патувања и безбедно пристигнување на посакуваната дестинација. Возете одговорно и останете безбедни во сообраќајот! Да ги паметиме празниците по убавите работи!

Честит 2-ри Август!    Честит ИЛИНДЕН!   Возете одговорно!