Патарини наши насушни

насловна

Скапо, поскапо, ептен скапо…

Секој што бил во Хрватска, Италија или Франција знае што навистина значи скапа патарина за автопат, но без разлика на тоа, би можеле ли да кажете за нашите патарини дека се или не се скапи?!

Објавено на 16 август 2019 година

За седум месеци, државата има собрано 23 милиони евра од патарина. Тоа ги отвора прашањата многу ли е или малку, скапо ли е или евтино, но и колку треба да чини километар автопат? До формулата за тоа не е тешко да се дојде, ама прв проблем е дефиницијата на зборот автопат. Друг проблем е и кој ќе вози по него, така што нам дефинитивно ни е скапо да се возиме по нашите автопатишта и „автопатишта“. Сепак, пред да тргнеме по нив мора да знаеме колку ќе нé чини тоа. Следи прегледот за патарините низ цела Македонија, со напомена дека оние кои ќе се одлучат за електронски систем за наплата може да добијат и цели 7% попуст, но само ако однапред платат 5.000 евра (да, добро прочитавте) за своето идно користење на автопатската мрежа кај нас.

  • Куманово-Миладиновци – 60 денари
  • Скопје-Миладиновци или Петровец – 40 денари
  • Петровец-Велес – 80 денари
  • Велес-Градско – 60 денари
  • Скопје-Тетово – 2×40 денари
  • Тетово-Гостивар – 2×30 денари
  • Градско-Демир Капија – 80 денари
  • Демир Капија-Гевгелија – 100 денари
  • Миладиновци-Свети Николе – 70 денари
  • Свети Николе-Штип – 50 денари
  • Миравци-Демир Капија – 60 денари
  • Миравци-Гевгелија – 50 денари
  • Смоквица-Демир Капија – 70 денари
  • Смоквица-Гевгелија – 30 денари

Забелешка: Ова се цените за патнички возила со две оски и висина кај предната оска помала од 1,3 метри. Другите плаќаат поскапо.