Официјално за Golf VIII

насловна

Volkswagen ја покажа и внатрешноста

Првите официјални скици на Volkswagen за новиот Golf откриваат како ќе изгледа и од внатре

Објавено на 11 октомври 2019 година

Volkswagen во последно време не го ни криеше многу новиот Golf, така што благодарејќи на шпионски уловените фотографии видовме како ќе изгледа. Но, за внатрешноста ништо не знаевме. Најавувајќи на неговата премиера за 24 октомври, Volkswagen сега ги објави првите официјални скици на со кои ни открива како ќе изгледа и од внатре. Јасно се гледа дека ентериерот донесува значајни промени во однос на досегашниот модел, до толку скоро и да нема никакви сличности. Контролните копчиња ги има малку – тие се заменети со екран чувствителен на допир кој се спојува со дигиталната инструмент табла. Под него се гледаат контролите на клима уредот, а на скицата се забележува дека од левата страна зад управувачот има уште еден панел. Што се однесува до надворешноста, таа го опишува новиот Golf како подинамичен отколку било кога досега. Традиционално дизајнот е еволутивен, со тоа што најголемите измени се кај светлата.

Продажбата на Golf VIII треба да започне пред крајот на годината.