насловна

Крунисан автомобилот на на годината во Македонија

Носител на годинешната титула „Автомобил на годината во Македонија“ е Ford Focus

Објавено на 15 март 2019 година

Во една за настани од ваков тип нетипична атмосфера, Ford Focus беше крунисан за носител на титулата „Автомобил на годината“ во Македонија. Инспирација за лежерниот пристап беше самиот модел, кој обраќајќи се на помладата по старост и во дух публика ги истакна своите карактеристики за кои националното жири му го додели признанието. Согласно правилникот за работа и критериумите на изборот, тој во конкуренција на петте финалисти избрани меѓу моделите пристигнати лани на нашиот пазар освои 69 бода, за два повеќе од Citroen C5 Aircross кој беше прогласен за SUV на годината во Македонија. Третото место со 66 бода го освои Kia Ceed, додека преостанатите финалисти Volvo XC40 и Opel Grandland X добија вкупно 54 односно 44 бода.

Во чест на основачот на жирито за избор за автомобил на годината и доајен на македонското автомобилско новинарство, жирито го додели признанието „Томислав Биљарац“ на Стерули Бураку. Оваа награда се доделува за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија кај нас. Во досегашните 24 национални избори на автомобил на годината во Македонија, ова е втора титула  за Ford.