Денешна тура вести од Центар

насловна

Повторно протест на пазарџиите и една „добра” вест од ПОЦ

Објавено на 16 јануари 2020 година

Место да се расплетува, ситуацијата со паркингот во центарот на Скопје се комплицира сé повеќе. Пазарџиите од зелениот пазар не попуштаат и освен блокирањето на сообраќајот најавуваат порадикални мерки (кршење рампи и слично), а од општина Центар одговорија во ист стил, дека секој што ќе се обиде на такво нешто ќе биде дебело санкциониран. И двете страни изнесуваат аргументи за својот став во однос на поскапувањето на паркирањето, но никој од нив не сака да ја слушне другата страна. Ваквата ситуација не оди во прилог на никого, најмалку на оние што директно не се вклучени во спорот – возачите од остатокот од Скопје кои секое утро преку центарот треба да пристигнат на своите работни места или пак сите оние кои се дојдени од внатрешноста на Македонија, а не можат да се изборат со дубиозите настанати после поскапувањето на паркингот во центарот на градот и блокирањето улици заради тоа.

Во сета оваа непријатна приказна, една работа остана незабележана од страна на јавноста – а тоа е дека ултра-скапите паркиралишта позади хотелот Мериот и кај домот на градежниците не поскапеа – тие и понатаму чинат 100, односно 250 денари за час. Не е поскапено ниту паркирањето кај Судската палата кое и понатаму чини 30 денари за час, за што нашиот коментар ќе си го задржиме за себе бидејќи ќе ви злучи злобно.