Господари на екстремите
Преку глечерите на Гренланд на пневматиците Nokian Hakkapeliitta
Објавено на 16 јануари 2019 година
Седум луѓе, три возила и 5.000 километри мраз – исландско-американската експедиција возеше од јужниот брег на Гренланд до најсеверната точка на оваа земја и назад 20 дена
Пневматиците Nokian Hakkapeliitta 44 се соочија со сериозен тест. Авантурата наречена Expeditions 7 тргна од местото Исорток на јужниот крај на Гренланд и се упати кон местото Вулф Ленд на крајниот север. Патувањето во најголем дел се одвиваше по врвот на континенталниот глечер, кој е долг повеќе илјади километри и дебел преку три километри во одредени точки. Во тек на патувањето, членовите на експедицијата водеа дневник со климатските податоци и собираа примероци од снегот и мразот кои подоцна ги предадоа на универзитетите за истражувачки цели. Експедицијата траеше скоро три недели пред групата да стигне во селото Сисимиут на западниот брег на Гренланд. Вкупно поминатото растојание изнесуваше 5.169 km.
Жестоките услови на Гренланд ги подложија возачите и возилата на екстремен напор. Едно од возилата за време на подготовките дури делумно пропадна во река покриена со мраз. „Најтешкиот дел беше тргнувањето и пронаоѓањето безбедна рута од замрзнатото море на дебелиот континентален слој на мраз“, вели Емил Гримсон, еден од основачите на компанијата Arctic Trucks кој исто така учествуваше во експедицијата. „Возевме по тенок мраз што ја прекриваше реката кога едно од нашите возила пропадна. За среќа, тоа беше најлошата работа што ни се случи и успеавме да го започнеме патувањето со само неколку дена задоцнување.“ Експедицијата на патот се сретна со бројни други предизвици. Променливите зимски услови и меќавите со нулта видливост местимично го забавуваа напредувањето. На најбавните делници од патот возилата успеваа да поминат по само 10 километри на час. Најниската забележена температура изнесуваше -40 °C. Меѓутоа, Гренланд во текот на патувањето ја покажа и својата убава страна. „Од погледите на глечерот во неговата полна величина застанува здивот“, вели Гримсон. „Доаѓањето во Вулф Ленд после толку дена возење по мраз исто така беше момент за паметење. Тоа место е импресивно, просто неверојатно. Мислам дека никој се нема довезено со автомобил толку далеку на север.“
Пустиот, преубав и недопрен пејсаж на Гренланд не претставува лесна патека, дури ни за најискусните зимски возачи. Затоа експедицијата се ослонуваше на најсовремената опрема како би го преживеала патот преку глечерот, карпестиот терен и меките снежни наноси. Тимот избра три посебно конструирани возила на исландскиот производител Arctic Trucks – истите типови кои се користеа во експедициите на Антарктикот. Најновото возило беше опремено со пневматиците со високи перформанси Nokian Hakkapeliitta 44 на најсеверниот светски производител на пневматици, компанијата Nokian Tyres. Овие пневматици поседуваат гумена смеса направена така да обезбедува прилепување на подлогата и издржливост во доста студени услови. „Сакав да ги користам пневматиците Nokian Hakkapeliitta на основа на своето претходно искуство со нив. Овие пневматици совладуваат екстремни услови и функционираат неверојатно добро дури и при температури од -40 степени“, вели Гримсон. Еден пневматик Nokian Hakkapeliitta 44 тежи 70 килограми и има пречник од преку еден метар. Овие робусни пневматици го здогледаа светлото на денот минатата година како резултат на долгата соработка меѓу компаниите Nokian Tyres и Arctic Trucks. „На мекиот снег потребни ви се големи пневматици со голема зафатнина на воздух“,објаснува Гримсон, додавајќи: „Должината на контактната површина може да се подеси со регулирањето на притисокот во пневматикот. Широките пневматици подобро го носат товарот и нема да пропаѓаат во снег толку длабоко како тесните.“
Еден од најважните чекори во постапката на почетно планирање беше прецизното пресметување на потрошувачката на гориво – на глечерот нема бензински станици. „За среќа, на крајот потрошивме помалку гориво отколку што бевме процениле“, вели Гримсон. „Пневматиците Nokian Hakkapeliitta имаат економична потрошувачка. Тимот повеќе од половината гориво го влечеше на санки зад возилата. Тоа беше прв пат да влечеме гориво во резервоари на санки“, се присетува Гримсон. „Имаме потешкотии да ги фиксираме резервоарите и да го спречиме распаѓањето на санките на тврдиот терен.“
Тринеделната експедиција ја претвори седмочлената екипа во тесно поврзан тим во кој секој имаше свое задолжување, од готвење преку поправка на возилата до фотографирање. „Навистина неповторливо искуство“, вели Гримсон. „Патувањата како ова ве префрлуваат во некоја друга реалност. Можете да се фокусирате само на она што моментално е пред вас, уживате во моментот и заборавате на сé друго.“